11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Скопјанец обвинет за тешка кражба на златен накит

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежен суд поднесе обвинителен предлог против едно лице за тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 0.12.2019 година, провалил во куќа на улицата Финска во Скопје, насилно отворајќи ја заклучената врата од балконот со нож. По кратко пребарување, одзел златен накит во вкупна вредност од 63.960 денари.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје да ја продолжи претходно определената мерка притвор за обвинетиот, бидејќи постојат околности коишто очигледно укажуваат на опасност од бегство.​

Спонзорирано: