Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

До среда сончево и топло

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец, соопшти УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Вредноста на УВ – индексот ќе биде 9.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени.

До среда ќе биде сончево и многу топло со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени.

Потоа во четврток и петок ќе има појава на попладневна локална нестабилност, а поинтензивна нестабилност со врнежи пороен дожд проследен со грмежи ќе има за време на викендот. Тогаш и дневните температури ќе бидат за неколку степени пониски.

Можеби ќе ве интересира

Расчистен случај со лажна сообраќајка, лишен од слобода скопјанец, одреден му е притвор

ДЕСК

Денеска уште еден евакуациски лет со 147 патници ќе пристигне во Македонија од ОАЕ

ДЕСК

Царинска управа: кривична пријава против девет лица – луксузно возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година е пуштено во слободен промет и регистрирано со фалсификувани документи

ДЕСК