Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Заев: Патот кон Европа е вистинскиот избор на 15 јули

Денес сме членка на НАТО.Се бориме за Европа за да имаме поквалитетен живот. Додадовме придавка на името,сега сме Северна Македонија, но признати сме од целиот свет, гарантиран е територијалниот интегритет и суверенитет на нашата земја. За ова се бореа во НОБ, Илинденците исто… Секаде бевме ФИРОМ. Децата ни се враќаа понижени од спортски или музички натпревари во странство.“- говореше лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на предизборната трибина во Гевгелија.

Тој го објасни значењето на членството во НАТО, дека носи мир и стабилност.

„Никој нема веќе да се осуди да ја дели, парчоса или нападне нашата држава. Сега имаме држава во која живее македонски народ со македонски јазик. Тоа ги изјавија и грчките авторитети, исто како и бугарските. Имаме кирилично писмо. За тоа паѓаа животи во минатото. Ги исполнивме мисијата и аманетот на нашите предци. Затоа очекувам наородот да одлучи дали ќе продолжиме по тој пат, по патот кон Европа или ќе се вратиме кон криминалот, корупцијата и режимот.“- ги повика Заев гевгеличани на 15 јули да го заокружат бројот 3.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК