Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Добра вест: Од утре пензионите ќе ја добијат јунската пензија

Од Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информираат дека од утре, 26 јуни, почнува исплатата на јунските пензии.

„Со цел да овозможиме поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот и оваа исплата на пензии ќе се одвива етапно“, појаснуваат од ресорното министерство.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките, за пензионерите кои не користат картички, ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

– Во петок, 26 јуни исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
– Во понеделник, 29 јуни, исплата на пензии со висина од 11.001 до 14.000 денари;
– Во вторник, 30 јуни, исплата на пензии со висина од 14.001 до 18.000 денари и
– Во среда, 01 јули, исплата на пензии со висина над 18.001 денари.

Пензионерите кои користат платежна картичка, со парите можат да располагаат од петок, 26 јуни. Тие можат да ја подигнат јунската пензијата на банкомат или да ги користат средствата за безготовинско плаќање.

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје: Неоснованите напади само кон една компанија се неразбирливи – фабриката не работи, а загадувањето е високо

ДЕСК

АЕК објави: Оне Македонија победник на националниот тендер за 5G спектар

ДЕСК

Добра вест: “Мој ДДВ” останува во сила

ДЕСК