Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Петров: Ќе одржиме безбедна кампања и 100 процентно безбедно гласање на 15-ти јули

„Главен приоритет на СДСМ се граѓаните и нивната благосостојба. Во овие услови на глобална пандемија на коронавирусот и борбата со опасниот и непредвидлив непријател ве уверувам дека ќе одржиме безбедна кампања и 100 процентно безбедно гласање на 15 јули“, изјави на прес-конференција Коста Петров, потпретседател на СДСМ.

„Нашата кампања ќе биде без митинзи, големите собири и сите потенцијално ризични настани, ќе бидат заменети со нови алтернативни начини на кампања.

До граѓаните ќе се обраќаме на два начини со онлајн дигитални активности и тоа: со видео и графички пораки преку социјални медиуми, пренос на видео конференции во живо преку интернет, гостувања во медиумите, спотови, веб банери.

Другата група активности се офлајн и опфаќаат, билборди, печатени програми и летоци , информативно штандови, прес конференции, како и средби со граѓаните со ограничен публика од 50 граѓани на отворен простор и 30 во затворен простор. Сите настани ќе се одвиваат со строго почитување на протоколите за организација на јавни настани“, посочува тој.

Можеби ќе ве интересира

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +

Утре променливо облачно и релативно топло

C +

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК