Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Утре променливо облачно време со повремени врнежи од дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд со послаб интензитет и услови за изолирана појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 12 степени.

За време на викендот и во првите денови од следната седмица ќе се задржи променливо облачно време со локални врнежи со послаб интензитет. Нови пообилни врнежи повторно се очекуваат во текот на ноќта кон среда и во среда. Во недела и во среда ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ПЕТ ПРИЈАВИ ЗА НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ – Во едно деноноќие пријавени демнење, закани и напади

ДЕСК

ОД УТРЕ ПОВТОРНО ДОЖД – Промена на времето, на планините можен слаб снег

ДЕСК

ТРИ ИЛЈАДИ СТУДЕНТСКИ СТИПЕНДИИ – Рокот за пријавување истекува на 20 ноември

ДЕСК