Centar.mk
СВЕТ

(Видео) Израелската армија тврди дека пронашла оружје на Хезболах во училиште во Либан

Израелската армија (ИДФ) тврди дека пронашла стотици оружја што му припаѓале на Хезболах во училиште во јужен Либан.

Според ИДФ, магацинот бил откриен по насочена рација на израелските сили во селото Ал-Кијам. На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа, според тврдењата на ИДФ, дека во училиштето се пронајдени ракети, минофрлачки гранати, огнено оружје и експлозиви.

„Хезболах систематски инсталира терористичка инфраструктура во цивилни области, со што продолжува да го загрозува народот на Либан“, се вели во извештајот на ИДФ за рацијата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Бахреин ги осуди иранските напади

C +

Украина ѝ се извини на Грција поради украински поморски дрон пронајден кај Лефкада

C +

САД одобрија приближно 38 милиони долари дополнително финансирање на борбата против еболата

C +