Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Поскапуваат бензините и дизелот

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за еден денар и за 1,5 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-95 се зголемува за 1,5 денар на 59,5 денари за литар.

Малопродажните цени на бензинот еуросупер БС-98, еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за еден денар за литар на 61,5 денари, 51 денар и 40 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,273 денари и ќе изнесува 24,886 денари за килограм.

Можеби ќе ве интересира

Инфлацијата во 2026 година ќе изнесува 4 отсто, според проекциите на Народната банка

C +

Војната во Иран го наполни рускиот буџет со приходи од нафта

C +

Групацијата ЕОС повторно дел од NPL панелот на Европската комисија – силен придонес на ЕОС Матрикс Македонија во финансискиот сектор

C +