17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
СУБВЕНЦИИТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Субвенции од по 1000 евра за клима уред/инвертери – еве како да се пријавите

Градот Скопје во текот на следната недела ќе го објави јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за купување високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување.

Новитет оваа година е што граѓаните за да добијат субвенции за инвертери ќе треба доброволно и без надомест да ги предадат постојните печки на дрва, јаглен, нафта или мазут. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во нето износ не повеќе од 62.000 денари.

-Со јавниот повик се опфаќаат сите високоефикасни инвертер клима уреди кои се купени од 1 јануари 2020 година иќе трае заклучно со 30 ноември 2020 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена. Повикот ќе се реализира согласно со принципот „прв дојден прв услужен“. На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект со приклучок на градско централно греење без оглед на тоа дали го користат, велат од Град Скопје.

Во Буџетот на Град Скопје за 2020 година за оваа намена се предвидени 322 милиони и 400 илјади денари, обезбедни од Владата на Република Северна Македонија.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Се воведува далечинско ладење, кое ќе стане замена за клима уредите

M T

МЗШВ: Со усвојувањето на ребалансот на Буџетот се исплаќаат субвенции кон 45 илјади земјоделци – За прв пат се воведува и можност за авансна исплата

M T

СДСМ: Нова поддршка за земјоделството, полесно исплаќање субвенции и 100% зелена нафта за земјоделците

M T

Бачовски: Исплатени 204 милиони денари субвенции за земјоделство за повеќе мерки

M T

Субвенциите за купување на куќа или стан од 50.000 евра можат да стигнат до 20.000 евра: Целосен прирачник како да аплицирате за нов стан/куќа и да добиете субвенции

CENTAR MKD

МОН: Од 1ви до 31ви октомври втор рок за аплицирање за субвенциониран студентски оброк

M T