Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Ваучери со вредност до 500 евра за развој на дигиталните вештини на младите

Владата донесе Уредба со законска сила за издавање на ваучери на млади лица за стекнување со информатичко-технолошки и дигитални вештини заради подобрување на нивната конкурентност на пазарот на труд за време на вонредна состојба.

Со неа се уредуваат условите, начинот и постапката за издавање и користење на ваучери со номинална вредност до 30.000 денари, издадени од Министерството за образование и наука, на млади лица за обуки за дигитални вештини заради подобрување на нивната конкурентност на пазарот на трудот, погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот.

Средствата за спроведување на оваа уредба се обезбедени од државниот буџет преку програмата на Министерството за образование и наука П1-Мерки за справување со Ковид-19 кризата, во вкупен износ од 150.000.000 денари.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС во делот на економијата е небо и земја

ДЕСК

Битиќи: Граѓаните ќе платат над 60 милиони евра само за камати од новото задолжување на Владата

ДЕСК

Николоски на средба со вицепремиерот на Хрватска Олег Бутковиќ, суштински разговори за развој на коридорите и поддршка за решавање на проблемот на превозниците

ДЕСК