24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Николовски: Некои си играат со здравјето на луѓето, мора да се знае што е закон

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во своето видео обраќање на социјалните мрежи испрати смирувачки тонови за карантинот и полицискиот час, кои се повторно актуелни за заштита на здравјето.

„После долго време живеење со полициски час, пред извесно време добивме известување дека медицинските експерти препорачуваат олабавување на мерките. И сите бевме радосни. Таа радост гледаме дека за многу брзо време се претвори во разочарување. Со право. Потполно ги разбирам сите тие кои се нервозни заради овој нов полициски час кој ниту требаше да дојде, ниту некој го посакуваше. Прашањето е зошто се случи?“- праша Николовски.

Тој објасни дека постојат неодговорни луѓе кои не сакаат ред.

„Очигледно постојат делови од општеството и луѓе кои мислат дека сето ова е некаква шега. Дека може слободно да си играат со сопственото и туѓото здравје. Па сите имаме родители! Сите имаме мајки, роднини и блиски кои се во години. Нели им се стега срцето при помислата дека можеби ним нема да им е ама баш ништо, но дека нивен родител може животот да го загуби од овој исклучително проблематичен вирус? Очигледно има и такви луѓе. Е таквите треба да станат одговорни. Мора да има ред. Мора да се знае што се мерки, што е закон, и тој закон да е еднаков за сите веќе еднаш.“- порача Николовски

Во видео обраќањето поентираше со тоа дека секој граѓанин мора да е еднаков пред законите.

„Ни треба систем. Ни треба функционална држава! Систем кој е еднаков за сите, а не систем во кој за тие на врвот не важат закони, мерки, прописи… Зошто е обичниот човек помалку важен од нив? До кога со тоа изживување и искористување на моќта дадена токму од тој обичен човек?!“- говореше Николовски алудирајќи на однесувањето на лидерот на ВМРО ДПМНЕ во последниот случај со седењето во кафана во дел забранет за гости.

„ Во време на оваа страшно сериозна здравствено-економска криза Мицкоски свесно и немерно ги прекршува мерките и задолженијата и покажува однесување кое ни на сон не треба да му падне на памет на еден лидер на опозиција, да не правиме муабет за некој што се престставува како претендент за премиерска позиција. Не се гради така здрав систем. Нека размисли добро министерот Наќе Чулев и нека направи разлика. Изборот му е едноставен – сака да го следи неговиот лидер во деликвентство, мангуплук, или сака да помогне и да си ја врши својата работа. Мора да има ред!- беше главната поента во обраќањето на Николовски.