26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Николовски: Со неодговорното однесување на Мицкоски не се гради здрав систем

Во своето видео обраќање на социјалните мрежи, генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски го критикуваше однесувањето на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со непочитување на мерките за заштита на здравјето.

„И наместо да одиме напред сложно, ние имаме лидер на опозиција кому кафеаните и теретаните му се поважни од здравјето на граѓаните. Ако си на водечка позиција во една партија, како што имам и јас чест да бидам генерален секретар, тогаш си ти лицето на таа партија. Па така, тоа што го правиш е рефлексија на она во што веруваш, она за што се залагаш. И не ме чуди зошто Мицкоски вака постапува. Тој во ова негово однесување верува…

Лани Мицкоски често кажуваше “Рибата мириса од главата”. И така е.

Тој е главата на партија која не почитува закони. Која луѓето ги дели на ваши и наши, која помага само ако имаш партиска книшка, која потплатува судии, се заканува на новинари, прави црни листи за отстрел, списоци, тепа невини луѓе и притвора неистомисленици… И најважно од се, партија која не почитува закони.“- подвлече Николовски.

Тој потсети дека Мицкоски јавно признал дека ги прекршил мерките за потоа наивно да се правда дека не ги познава протоколите за заштита на здравјето, истите оние кои неговата партија ги критикува.

„Во време на оваа страшно сериозна здравствено-економска криза Мицкоски свесно и немерно ги прекршува мерките и задолженијата и покажува однесување кое ни на сон не треба да му падне на памет на еден лидер на опозиција, да не правиме муабет за некој што се престставува како претендент за премиерска позиција. Не се гради така здрав систем. Нека размисли добро министерот Наќе Чулев и нека направи разлика. Изборот му е едноставен – сака да го следи неговиот лидер во деликвентство, мангуплук, или сака да помогне и да си ја врши својата работа. Мора да има ред. Има мерки и треба да има и казни. Секој што не го почитува законот треба да плати за тоа. Работи си ја работата министре и обезбеди го редот. Во спротивно ќе станеме остров на зараза. Гледате колку треба. Неколку дена мангуплук и непочитување на редот и ефектите се очигледни.“- порача Николовски, генералниот секретар на СДСМ во своето видео обраќање на социјалните мрежи.

Николовски кажа дека е разочаран исто како и граѓаните и дека тие имаат право на тоа, но изрази уверување дека разумот ќе преовлада и дека ова ќе биде лекција за сите.

Разочаран сум и знам дека разочарани сте и вие. Со право.

Но, верувам дека разумот ќе провлада. Кај сите нас. И верувам дека ова ќе е лекција за сите нас.