22. февруари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Олабавување на мерките: Прво скратување, а потоа целосно укинување на полицискиот час – еве од кога

По речиси 2 месеци откако беше воведен полицискиот час во Македонија, најавено е олабавување на мерките.

Неофицијално Centar дознава дека прво веќе од утре полицискиот час ќе биде намален и ќе биде со времетраење од 21 или 22 часот, па се до 5 наутро.

До крајот на месецов кога и завршува и вонредната состојба, а тоа е за неколку дена полицискиот час најверојатно ќе биде и целосно укинат, дознава Centar.mk.

Ваквата мерка по почнала со целосна важност на 1-ви јуни, кога и Македонија ќе ги отвори границите, а тоа паралелно ќе се случи низ сите држави во регионот.

Сепак ваквото олабавување на мерките не значи дека граѓаните ќе може да се опуштат, со оглед дека ќе биде засилена контролата на почитување на меките мерки, а тоа е задолжително носење на маска во затворени простории, но и места каде што не може да се оддржи дистанца од 2 метра.

Владата денес или утре треба да оддржи седница на која се очекува да бидат донесени повеќе одлуки за олабавување на мерките.

Враќање на мерките би имало при нов бран на коронавирус. Меѓународните експерти се плашат дека тоа би можело да се случи кон крајот на летово и почетокот на есенва.

Прочитајте и за отворањето на угостителските објекти.

Можеби ќе ве интересира

Укинување на полицискиот час од среда? – Комисијата за новите мерки носи одлука утре, Владата ќе стави печат во вторник

ДЕСК

Заврши владината седница – Полицискиот час продолжува до 1. јуни, ова се сите одлуки

ДЕСК

(ВО ЖИВО) Се заоструваат рестриктивните мерки – Обраќање на премиерот Зоран Заев, министерот Венко Филипче, д-р Жарко Караџовски…

ДЕСК

Мицкоски во екот на пандемијата прво организираше протести, сега бара полициски час

ДЕСК

Ќе има ли полициски час?

ДЕСК

Дали ќе има полициски час? – Смртноста е голема поради други болести и зашто доцна се оди во болница, вели Филипче

ДЕСК