18. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Од утре почнува исплатата на мајските пензии, објавен распоредот за подигнување

Над 320.000 пензионери ќе ја добијат предвреме мајската пензија. Почнувајќи од утре, 27 мај, ќе почне етапната исплата на мајската пензија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите што не користат картички, ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

– В среда, 27.5.2020 година, исплата на пензиите со висина до 11.000 денари;

– В четврток, 28.5.2020 година, исплата на пензиите во висина од 11.001 денар до 14.000 денари;

– В петок,29.5.2020 година, исплата на пензиите во висина од 14.001 денар до 18.000 денари;

– В понеделник, 1.6.2020 година, исплата на пензиите во висина над 18.000 денари.

Пензионерите што користат платежна картичка поврзана со сметката на која се префрлува пензијата со парите може да располагаат од среда 27 мај. Тие може да ја подигнат мајската пензијата на банкомат или да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа.

„Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, да носат лична заштитна опрема, која ги покрива устата и носот, како и да држат растојание од најмалку два метра при чекање ред пред и внатре во банките“, велат од МТСП.

Можеби ќе ве интересира

„ Измени и дополнувања на Законот за енергетска ефикасност: Пониски сметки, почист воздух, тројно зголемена заштеда и задолжителни соларни системи во јавните згради“

ДЕСК

Поевтини се, многу вкусни, не мора да ги враќате стаклените шишиња во продавница – Широк спектар на увозни пива ги освојува срцата на Македонците ова лето

ДЕСК

Зошто увозните пива доминираат на македонските маркети? – Многумина сметаат дека се повкусни и поевтини

ДЕСК