10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Ако ВМРО-ДПМНЕ одлучи да ги кочи изборите, ние ќе ги почитуваме законските рокови

СДСМ смета дека изборите се решение, а не проблем, со оглед на тоа што земјата е со распуштено Собрание и со техничка Влада. Од владејачката партијата велат дека сакаат избори на кои ќе учествува и опозицијата, но доколку ВМРО-ДПМНЕ го кочи процесот, тие ќе ги почитуваат законските рокови.

„Имаме силен демократски капацитет, и како и до сега, ќе направиме сè опозицијата да си ја преземе својата одговорност, но ако ВМРО-ДПМНЕ одлучи да го кочи овој неопходен демократски процес, ние нема да имаме избор, освен да ги почитуваме законските рокови на изборниот процес“, велат од СДСМ.

Според владејачката партија, изборите ќе обезбедат целосно функционални институции, но истовремено и заштита за здравјето на граѓаните, особено имајќи ги предвид реалните стравување на релевантните светски здравствени институции за нова можна појава на вирусот наесен.

„Изборите треба да се одржат во првиот можен термин во согласност со законските можности и во согласност со состојбата предизвикана од епидемијата според препораките на надлежните институции. Тоа значи дека сите политички субјекти, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, имаат одговорност пред државата и институциите да преземат одговорност и да им овозможат на граѓаните да одлучуваат. Тоа е врвна демократска придобивка. Исплашени од извесниот пораз од граѓаните, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ прават сè изборите да не се одржат, а државата да западне во сериозна политичка криза, која негативно ќе се одрази и врз економијата, но и врз здравјето на граѓаните. Таквите нивни обиди се осудени на неуспех“, велат од СДСМ.

Спонзорирано: