5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Македонското здравство реагира навреме и добро се справи со пандемијата

Македонското здравство реагира навреме и добро се справи со пандемијата на коронавирусот, оценува владејачкиот СДСМ преку соопштение.

Оттука велат дека состојбата со епидемијата на коронавирусот е под контрола, а бројот на активни случаи е стабилен.

„Зголемениот број новодијагностицирани изминативе денови е резултат на олабавување на рестриктивните мерки и поголемото движење на граѓаните. Тоа е очекувано и здравството има капацитет да се справи со ова. Благодарение на навремените мерки успешно го амортизиравме првиот удар на епидемијата. Ја стабилизиравме состојбата и во ниту еден случај не се оптовари капацитетот на здравствениот систем“, велат од СДСМ.

Додаваат дека, сепак, вирусот ќе биде присутен сè додека не се стекне имунитет или не се се пронајде вакцина, па затоа од исклучително значење е граѓаните да се придржуваат до препораките и мерките на Владата за неопходната физичка дистанца и носење заштитна опрема.

„Да бидеме свесни дека сè уште може да се заразиме, а за што е потребно да ги почитуваме сите мерки за лична заштита. Да живееме со коронавирусот, но на начин на кој ќе бидеме заштитени, а со тоа ќе го заштитиме здравјето и на оние околу нас. На тој начин се грижиме за нашето и за колективното здравје, но и директно им помагаме на здравствените работници, кои се на првата борбена линија со коронавирусот“, велат од СДСМ.