Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Марковски: Донирање на прехранбени пакети на социјално ранливи семејства во период на пандемија преку уредно пријавена хуманитарна акција во време кога сеуште не се знае кога ќе има и дали воопшто ќе има избори, не може да биде изборен поткуп

Фејсбук статус на Александа Марковски:

Почитувани граѓани

Донирање на прехранбени пакети на социјално ранливи семејства во период на пандемија преку уредно пријавена хуманитарна акција во време кога сеуште не се знае кога ќе има и дали воопшто ќе има избори, не може да биде изборен поткуп.

Ние како невладино здружение за хуманитарни цели Сите Заедно Можеме, постојано ги повикуваме сите политички партии, сите правни и физички лица кој имат можност да донираат прехрабени и останати продукти согласно своите можности а во знак на солидарност со своите сограѓани.

Исто така постојано ги повикуваме сите добронамерни луѓе посебно оние општествено одговорните активно да се вклучат како волонтери и заедно на терен да ги поделиме социјалните пакети.

Идеата за функционирање на здружението беше и е да не се политизира здраствената криза но за жал една политичка партија покрај тоа што не даде никаков придонес постојано врши опструкции преку својот министер за внатрешни работ со цел да ја спречат хуманитарната акција.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК