Centar.mk
БИЗНИСТЕМА

Рамстор мол започнува со работа од утре

Рамстор Мол согласно сите препораки на Владата и Министерството за здравство од утре (Четврток, 14.05.2020) ги отвора своите врати за посетителите. По ситуацијата во која се најдовме сите и пандемијата која го зафати целиот свет и речиси повеќе од 2 месеци не работење, Рамстор Мол започнува со нормално функционирање.

Како главен приоритет по ново настаната ситуација ќе биде здравјето на луѓето, а за таа цел од Рамстор Мол најавија дека сите мерки ќе бидат превземени кои се строго определени од страна на властите, се со цел да се влијае на општото здравје заедно со сите вклучени страни во целокупното работење.

“Рамстор Мол како општествено одговорна компанија, уште на почетокот со ситуацијата со коронавирусот започна со превентивни мерки кои беа во насока на општото здравје на сите посетители и будно ги следиме сите препораки од властите, како и примерите од земјите кои веќе започнаа со работа и за таа цел можеме да кажеме дека сме спремни за работа и отворање. Бидејќи здравејто на нашите посетители е наш најголем приоритет, сите препораки кои ќе бидат дадени од министерството за здравство ќе бидат целосно имплементирани, а ќе имаме и дополнителни процедури за хигиена на секој посетител, како и запазување на социјалната дистанца, се со цел враќање во нормала секојдневните навики и нормализирање на животот.” – изјавија од Рамстор Мол

Затоа ве очекуваме сите вас на добар шопинг и заедно да ги почитуваме сите мерки за подобро општо здравје. Работното време на Рамстор Мол ќе биде од 10 до 18 часот секој ден. Недела ќе биде неработен ден за трговскиот центар.

Можеби ќе ве интересира

Божиновска: Иднината на енергетиката e во дигиталните технологии, но најважна инвестиција останува знаењето

ДЕСК

АСОМ: Новиот закон за игри на среќа носи економски крах, 10.000 луѓе остануваат без работа, а државата губи 350 милиони евра

ДЕСК

Хуманоста на Mozzart блесна на Lazarov Awards2026 – донација од 200.000 денари во СОС Детско Село

ДЕСК