13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Заев на ТВ Телма: Потребни се избори, за да ги вратиме институциите, за да градиме здрава економија

Нема поважно од здравјето на луѓето, чуму ви било на некој избори ако ние загрозиме макар здравје на еден човек, не ни треба таа работа ќе го потврдам од аспект на СДСМ ние сме владеачка партијата, ние веруваме по истражувања, по тоа што сме сработиле, по тоа што нудиме за следниот четиригодишен период дека ќе добиеме доверба и одговорност повторно од граѓаните без разлика дали изборите ќе се сега во јуни или ќе бидат во јули во август па дури и во декември, ние ќе имаме уште четири години мандат зошто тогаш да не ги искористиме овие девет месец, истакна претседателот Заев во гостувањето на Топ Тема на Телевизија Телма.

Тој истакна дека сега кривата на заразата е долу и треба да се искористи периодот, а особено есента и зимата се време на нови вирози, на нови пикови.

– Сега ризикот е најмал, но ако здравствените експерти оценат дека нема услови за избори, нема да има избори, ние не можеме да си дозволиме да го доведеме во опасност здравјето на граѓаните. Никој не сака да изнасили избори, нашата суштина е да бидеме паметни да ги вратиме институциите час поскоро да фунцкионираат да биде здрава демократијата нагласи Заев.

Сосема ми е јасно, додаде Заев, како се чувствуваат граѓаните, како ги поминуваат овие тешки моменти. Одговорна политика значи да понуди, кои се опциите за нашиот народ.

Образложувајќи ги аргументите за што поскоро одржување на избори, Заев истакна дека нашата земја нема парламент, како коректив на владата, владата е техничка, а економијата ќе претпри уште еден удар ако изборите се одржат наесен.

– Сега кога излегуваме од оваа работа треба да ја завршиме и работата со изборите, ако одиме во септември уште еден удар ќе и дадеме на економијата, заклучи претседателот Заев.

Спонзорирано: