22.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Антикризните мерки спасуваат работни места

Антикризните мерки на СДСМ спасуваат работни места, над 21.500 компании добија поддршка за исплата на плати, велат од СДСМ преку соопштение.

„Антикризните мерки, понудени од владата предводена од СДСМ, како поддршка на стопанството за ублажување и справување со последиците од коронакризата им помагат на многу компании, а само финансиска поддршка за исплата на плати за април и за мај 2020 добија над 21.500 фирми.

Досега се одобрени 21.542 барања од компании за поддршка за исплата на плати од 14.500 по вработен. Најголем интерес за оваа мерка покажаа компаниите од секторите, кои се најпогодени со кризата и тоа 2.377 фирми што се занимаваат со угостителска дејност и 2.177 компании од областа на транспортот.

Оваа мерка ја искористија и 2.164 физички лица кои вршат самостојна дејност.

Вкупно 597 компании ја користат мерката за субвенционирање на 50 % од придонесите за задолжително социјално осигурување, а 747 фирми ги исполниле условите да ја користат мерката за ослободување од плаќање на аконтации од данок на добивка.

Кредити од линијата Ковид 1 досега се одобрени за 631 компанија, а за втората линија бескаматни кредити – Ковид 2, за која пријавувањето е во тек, се примени 2.400 апликации.

Владата, предводена од СДСМ презеде навремени и сериозни мерки за помош на граѓаните, на економијата, и спас на што повеќе работни места, а во подготовка е нов сет мерки, насочени кон реконструирање и заживување на македонската економија.

Граѓаните знаат дека СДСМ е на нивна страна и дека заедно ќе ја премостиме кризата“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Спонзорирано: