22.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев за Алсат: Поради навременоста на економските мерки ќе имаме најдобри ефекти во целиот регион

Антикризните мерки се навремени и со нив ќе имаме најдобри ефекти во целиот регион, со најмал пад на БДП, на економијата и целосно спремни за да се справиме со последиците, истакна претседателот на СДСМ, во емисијата „Патот кон..“ на Алсат телевизија.

Правиме се, додаде Заев, за да пуштиме повеќе пари назад во економијата, затоа имаме поврат на ДДВ поголем за над 16 отсто, затоа и исплативме субвенции од 85 милиони евра кон земјоделците, за да ја стимулираме потрошувачката.

„ Со двата пакети мерки ќе помогнеме на 30 до 35.000 фирми, на 200-250.000 работници. Тие што останале без работа влегуваат во системот на социјална помош, се работи за 8.160 нови невработени, од кои на 4.270 им истекол договорот за работа, а не 140.000 невработени, како што зборува опозицијата, рече Заев.

Тој додаде дека заинтересираноста за мерките е голема, што покажува дека тие се добро димензионирани и осмислени.

„До утринава за финансиска помош аплицирале 21.000 фирми, но тој број ќе расте, со мерките ги опфаќаме сите погодени и тоа многу ќе им помогне на сите, посочи претседателот Заев додавајќи дека се подготвува и трет пакет на мерките, и истовремено потсети дека во последните години преземени се сериозни економски чекори. .

„Во последните две и пол години многу работи се променија. Имавме уништена економија, со пад од 1,8 отсто, а сега таа е со раст од 3,6 отсто. Покачени се пензиите, платите во здравството, во образованието, во социјалната заштита и затоа сме спремни да се носиме со глобалната економска криза“, заклучи Заев.

Спонзорирано: