13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Беа како вистински браќа: Хрватскиот пејач во шок и неверица се прости од Вучиќ- „еднаш кога и јас ќе дојдам горе стари…“ (ФОТО)

Хрватскиот пејач Владо Калембер се збогува со својот пријател, музичар и телевизиски водител Драган Вучиќ, кој во понеделникот почина од коронавирус.

Калембер му посвети емотивна објава на Вучиќ.

-За жал, изгубив уште еден одличен пријател, еден од најпознатите македонски ТВ водители. Тажно… Збогум стари … Кога и да ми се јавеше, велеше:„ Здраво, стари! “ Неодамна ми испрати една од твоите песни за да снимиме дует. Еднаш кога и јас ќе заминам горе ќе ја понесам таа снимка … па ќе ја отпееме”, напиша Калембер на својот Инстаграм профил со фотографијата заедно со Вучиќ.

Инаку, Владо Калембер беше еден од учесници во серијалот емисии за готвење на Драган Вучиќ, “Гурмански муабети“.

Можеби ќе ве интересира

КОГА СЕ РАЃА МАКЕДОНЕЦ! Нов патриотски проект на Ѓоко Јовиќ за големиот ден „11 Октомври“

ДЕСК

Почина Халид Бешлиќ

ДЕСК

САД го потврдија своето учество на таканаречената руска евровизија, познато и кој пејач ќе ги претставува

C +
error: Соддржината е заштитена.