Centar.mk
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈА

Невреме попладнево беснееше низ Македонија: Еве каде најмногу наврна

Најмногу наврнат воден талог во изминатите девет часа до 17 часот денеска има во Пожаране, Тетово – 6 литри на метар квадратен, во Лазарополе – 4 и Виница и Скопје – Зајчев Рид по 1 литар на метар квадратен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Дувал умерен до засилен северозападен ветер, кој во Штип достигнувал брзина до 65, а во Скопје-Зајчев Рид над 50 километри на час.

Времето до крајот на денот ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Во текот на ноќта врнежите ќе престануваат.

Во Скопје, времето ќе биде облачно и свежо со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен северен ветер.

Времето утре претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина над 70 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен.

Во Скопје, времети претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно време со пораст на дневните температури. Особено топло се очекува во почетокот на следната седмица.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК