20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
ТЕМАБИЗНИС

Драстичен скок на цената на нафтата

Цената на нафтата од марката Брент, за испораки во јули, на Лондонската берза денеска порасна за 11.88 проценти и сега чини 30.43 долари за барел.

Последен пат кога цената на нафата од оваа марка чинеше повеќе од 30 долари беше на 1 април 2020 година.

Претходно, се објавија извештаи дека цените на нафтата може да се зголемат бидејќи постои надеж за обнова на побарувачката.

Да потсетиме дека марката Брент се користи како репер за утврдување на највисоките цени на нафтени деривати и во Македонија, што значи дека реално е да се очекува поскапување на горивата.

Спонзорирано: