Centar.mk
БИЗНИСТЕМА

Олабавување на рестрикциите: Од понеделник се отвораат кафе баровите и рестораните во Македонија, а наскоро и казината?

До четири лица на една маса, не мора да се од исто семејство, но на определена оддалеченост меѓу две маси или пак со граничник од плексиглас или стакло.

Под посебни хигиенски услови, на отворени простори односно летни тераси, конечно, веќе од понеделник почнува олабавувањето на рестриктивните мерки за угостителскиот сектор дознава Centar.mk.

Се очекува кон крајот на оваа работна седмица да биде одлучено, од понеделник угостителските објекти да почнат со ограничена работа.

Ќе може да се служат храна и пијалоци, кои ќе бидат дезинфицирани пред да бидат послужени на гостите. Можно е да биде наложено да се користат и чаши, лажички, садови за еднократна употреба.

Се размислува и за наплата само со платежни картички.

Работното време на кафе баровите и рестораните за почеток би било до 18 или 19 часот.

Од денес е дозволено и користењето на услугата Кафе за носење (Coffee to go), која што досега им беше забранета на бензинските и кафе баровите да ја нудат на граѓаните.

Наскоро е можно отворање и на казината кои се во поспецифична ситуација бидејќи се во затворен простор, Centar.mk дознава, дека меѓу секој апарат ќе биде поставен плексиглас граничник и дека редовно ќе се врши дезинфекција на слот машините.

Владата истовремено се очекува да определи насоки и за угостителските објекти на плажите на Преспанското, Охридското и Дојранското крајбрежје.

Истовремено останува обврската граѓаните да носат заштитни маски во секој затворен објект и на отворено каде што не може да се обезбеди доволна оддалеченост меѓу граѓаните, како на пример на зелените пазари и тн.

Можеби ќе ве интересира

ОД ПОЛНОЌ ПОЕВТИНУВААТ СИТЕ ГОРИВА ВО МАКЕДОНИЈА – Бензинот за 2, дизелот за 2,50 денари, ова се новите цени на РКЕ

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: Во 2027 нема промена на даноците, повеќе пари за судство, плати, пензии и поддршка на бизнисот

ДЕСК

Анализа: Tехнички најсложениот дел од автопатот Кичево–Охрид, се очекува да биде отворен во декември

ДЕСК