Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Влада: Поведената постапка на Уставниот суд за поништување на кратењето на платите на функционерите, судиите и обвинителите ја поткопува солидарноста во земјата и директно штети на обезбедувањето средства за справување со КОВИД-19

Владата на Република Северна Македонија смета дека поведената постапка на Уставниот суд за поништување на Уредбата за намалување на платите на 2.060 функционери, пратеници, судии, обвинители и директори на минимална плата од 14.500 денари за април и мај, директно штети на солидарноста во нашата земја.

Со оваа одлука, Уставниот суд директно спречува обезбедување околу 240 милиони денари во Буџетот на РСМ за мерки за справување со КОВИД-19.

Владата изразува разочарување од ваквата скандалозна одлука која ја загрозува борбата со коронавирусот.

Можеби ќе ве интересира

Николоски: Почна постапката за воведување директна авиолинија со Саудиска Арабија

C +

Изгореа викендица и куќа, се запали оџак: три интервенции на струмичките пожарникари

C +

Андоновски: Имаме системски пристап кон употребата на Вештачката интелигенција

C +