Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Петров: Срамна е одлуката на Уставниот суд со која се спречува намалување на платата на судиите и пратениците

Денешната одлука на Уставниот суд со која отвора постапка за поништување на Уредбата за намалување на платите на 14.500 денари за судиите, обвинителите, функционерите и пратениците е срамна и недозволива, истакна потпретседателот на СДСМ, Коста Петров.

Тој порача дека СДСМ најостро ја осудува одлуката на Уставниот суд, која, како што рече, е против солидарноста и на директна штета на граѓаните.

„Со ова, Уставниот суд спречи обезбедување на 240 милиони денари, или околу 4 милиони евра во буџетот за државата за мерки за справување со кризата со коронавирусот“, истакна Петров и додаде дека ваквата одлука само ја потврдува потребата и програмската определба на СДСМ за прочистување на судството.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК