Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ влегува во проект за создавање севереномакедонска нација

Kорумпираните и неспособни функционери на СДСМ претставуваат ризик за Македонија, македонскиот народ, јазик и сè што претставува идентитетска одредница, велат од ВМРО-ДПМНЕ, откако оваа партија вчера обвини дека власта крие документ со кој Бугарија го условува датумот за преговори со ЕУ.

„Димитров, Заев и Спасовски кријат од македонската јавност документ со кој Бугарија отворено го условува датумот за преговори. Од Македонија се бара да се откаже од македонско малцинство, а со тоа и од именувањето на македонскиот народ како македонски. Со имплементацијата на одредбите на овој документ се условува одржувањето на првата меѓувладина конференција за конечното дефинирање на преговарачкиот пакет за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ“, велат од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, со овој документ Зоран Заев, Никола Димитров, Оливер Спасовски и Радмила Шекеринска влегуваат во проект за редефинирање, односно создавање на новата т.н. севереномакедонска нација и целосно откажување од сè што е македонско.

„Капитулациите на Зоран Заев не завршуваат. Заев потполно ја стави државата на колена“, се наведува во партиската реакција.

Можеби ќе ве интересира

Кузеска: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

C +

Филипче: Протерување на младите умови, предлог-Законот ги деградира младите кадри

C +

Поплави во повеќе региони во земјава – евакуирани 220 лица во Кичево, критично во Форино, поплавени куќи, ниви, подруми

C +