Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

СДСМ: Нов пакет економски мерки за побрзо заздравување на економијата

СДСМ е посветена на мерки и политики што обезбедуваат брзо закрепнување на економијата соочена со последиците од коронавирусот, се наведува во соопштение од оваа партија.

Од таму нагласуваат дека се реализира и вториот пакет на економски мерки кој вклучува 14.500 денари месечно по вработен, помош за спортисти од 14.500 денари, помош за уметници и паричен надоместок за граѓаните што останале без работа поради кризата.

„Со цел да помогне во надминување на последиците од кризата, Владата донесе и уредба со која се предвидува ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход за месеците март, април и мај годинава“, велат од партијата.

Од СДСМ истакнуваат дека обезбедено е и ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данок на добивка, за правните лица кои вршат угостителска дејност, дејност на туризам или транспорт и други компании кои имаат претрпено штети во своето работење поради коронавирусот.

Партијата најавува дека се подготвува и нов пакет на суштински мерки и политики кои ќе обезбедат дополнителна помош за домашната економија.

Можеби ќе ве интересира

За креатори, од креатори: Самсунг (Samsung) професионален APV кодек поддржан на Galaxy S26 Ultra

ДЕСК

Извозот на ИКТ услуги од Македонија надмина 676 милиони евра во 2025 година

ДЕСК

ОКТА започнува иницијатива за поддршка на потрошувачите, по дополнителните количини гориво набавени преку продуктоводот ВАРДАКС

C +