24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Кафетериите ќе работат само на отворено, а маските ќе станат задолжителни при влез во затворени простории

Според плановите за намалување на рестрикциите врз граѓаните поради коронавирусот кој забрзано се прошири низ целиот Свет, време е животот полека да се враќа во некоја нормала.

Сепак отворањето на кафетериите и рестораните нема да значи дека граѓаните ќе може да го живеат животот исто како и пред коронавирус кризата, барем во следните месеци…

Кафетериите и рестораните доколку ситуацијата продолжи да се стабилизира, веќе од почетокот на мај би работеле само на отворено, што е погодно со оглед дека доаѓаат топли денови во нашата земја, а граѓаните кои би користеле услуги во маркети, продавници, банки со оглед дека влегуваат во затворени простории ќе мора да носат маски.

Примената на маски, шал или некаква заштитна марама би важела и за отворени места, каде ќе биде невозможно да се држи растојание од 2 метра.

Со закон ќе биде казниво групирањето на повеќе од пет лица, но и неносењето на маска, марама или шал согласно препораките.

Сепак ова се само идеи кои се разгледуваат за намалување на рестрикциите врз граѓаните и враќањето кон нормалниот живот.

Вакви одлуки за задолжително носење на маска се веќе активни во Тетово, Прилеп и Куманово.

Владата веќе во среда ќе донесе одлуки за намалување на полицискиот час при што тој би започнувал во 19 часот и би завршувал во 5 часот наутро, додека во викенд истиот би започнувал во сабота во 13 часот и би траел за време на цел ден недела, па се до 5 часот во понеделник.