21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Облачно време со врнежи од дожд и снег

Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, особено во попладневните и вечерните часови, кога на места ќе бидат пообилни, информира УХМР.

Ќе дува засилен ветер од југозападен правец, кој кон крајот на денот ќе го промени во северен и во текот на ноќта кон среда ќе услови врнежи од снег на планините и на некои повисоки места.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната од 14 до 20 степени.

Во Скопје претежно облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, кога ќе дува засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Утре претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен северен ветер, особено по должина на Повардарието, што ќе предизвика дополнителен пад на дневната температура.

Од четврток следува период на сончево и топло време со значителен пораст на дневната температура.

Спонзорирано: