Секогаш во средиштето на збиднувањата...

“Пет години персоналот беа тука за нас, сега сме ние тука за нив” – Ресторани и кафе барови најавија дека нема да отуштат ниту еден вработен, дури и по цена да пропаднат

Откако некои угостители ги одјавија вработените, денеска сме сведоци на угостители кои најавија дека нема да ги одјавуваат вработените и дека ќе исплаќаат плати и придонеси.

Една интересна објава која наиде на позитивни реакции од јавноста е таа на познатото кафуле Ла тераса од Охрид, каде во соопштение до јавноста преку нивниот фејсбук профил најавија дека ниту еден нивен вработен нема да остане без работното место.

– Ете и тоа дојде, после пет години работа скоро месец дена цел персонал на ЛА ТЕРАСА КАФЕ е на принуден одмор, ќе помине и не сме само една сезона или Година.

Остануваме доследни на нашите вработени, ќе поминат и овие тешки денови заедно ќе го победиме вирусот, а најважно од се што сакаме да ве известиме дека нема да се одјави ниту еден вработен, редовно ќе се исплаќаат плати и придонеси на нашите вработени, 5 години тука за нас, сега е време ние да сме тука за нив, исто како да нема вонредна состојба. Продолжуваме не застнауваме, нашите вработени тоа го заслужуваат и им е повеќе од потребно во овие тешки денови, се вели во објавата на социјалните мрежи од Ла Тераса кафе.

Претходно со слична порака која гохрабри и многу други угостители и им даде надеж на вработените во угостителскиот сектор, излезе и сопственикот на Етно гостилницата Воденица три и Селект кафе, Сашко Митовски, кој порача.

– Јас и мојот брат како сопственици на Etno Gostilnica Vodenica Tri и Select Caffe донесовме одлука дека во периодот што следи нема
да отпуштиме ниту еден вработен по цена на тоа дури и фирмата да ни пропадне.

Прво ние знаеме што значи во животот да се НЕМА.

Второ, ние НИКОГАШ неможеме и НЕМА да заборавиме дека на нас кога ни беше најтешко во животот и кога некој се обидуваше да не сотре со милион препреки, вработените секогаш беа тука за нас и ни даваа целосна подршка со нивниот ведар дух и ентузијазам,впрочем по нешто што сме и надалеку препознатливи.

Трето бидејќи нашата фирма е повеќе од една големо семејство ние одлучивме дека и последниот денар што го имаме ќе го поделиме со нашите вработени.

Во живото ние се соочивме со многу предизвици, имавме безброј падови и успеси.
Ќе успееме и сега …., пишува Митовски.

Сопственикот на ресторанот „Мал Алтан“ на влезот на старата скопска чаршија, Горан Блажевски беше прв кој јавно соопшти дека нема да ги отпушти неговите вработени, па дури и бизнисот да му колабира.

„Јас, Горан Блажевски, сопственик на „Мал Алтан“, моите вработени не ги отпуштам по цена и фирмата да пропадне. Јас луѓето ги ценам а посебно пошто знам како е да немаш и така да, ако треба, ќе делам на пола. Моите вработени ќе имаат поддршка целосна од мене и мојата фамилија“, напиша тој на својот профил.

Ваквите пораки на овие охрабрени угостители наидоа на силна поддршка кај македонските граѓани. Centar.mk е сведок, дека добар процент од еснафските угостителски објекти почнаа да ја користат опцијата достава до дома, со што ги заддржаа своите вработени.

error: Соддржината е заштитена.