Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОР

Во Германија продажбата на автомобили во март опаднала за 38 отсто

Регистрацијата на нови автомобили во Германија опаднала за 38 проценти во март, на 215.199, под влијание на пандемијата со коронавирус, соопшти германската агенција за регистрација на возила КБА.

„Тесла“ и „Лексус“ се меѓу брендовите чија продажба се движела релативно добро. Продажбата на „Лексус“ опаднала за 2,8 проценти, а на „Тесла“ за 4,4, објави германскиот портал „Аутомотив Њуз Јуроп“.

Водачот на германскиот пазар „Фолксваген“ забележа пад на продажбата од 35%, вториот најпопуларен бренд „Мерцедес“ во март продал 28% помалку возила, а „Бе-ем-ве“ 21 отсто помалку.

„Ауди“ забележа пад од 37 проценти, додека продажбата на „Форд“ се преполовила.

Ова е најсилниот месечен пад досега забележан, според Здружението на увозници ВДИК.

Регистрациите на нови возила енормно паднале во втората половина на март кога дилерите на автомобили ги затворија салоните, рече претседателот на ВДИК, Рајнхард Цирпел.

Падот на продажбата на нови автомобили на најголемиот пазар во Европа следува по забележаниот падо на регистрациите на другите европски пазари, како резултат на државните мерки за затворање на фабриките и продавниците, со цел да се превенира ширењето на Ковид-19.

Можеби ќе ве интересира

Одржани редовна седница на Извршниот одбор за монетарната политика и седница на Советот на Народната банка

ДЕСК

Туркије урива рекорди во туризмот – остварени над 50 милијарди долари приход во првите три квартали од 2025

ДЕСК

Косово нѐ престигнува со плата од 500 евра во 2026-та, раст во целиот регион освен во Македонија каде засега остануваме со минималец од неполни 400 евра

ДЕСК