Centar.mk
БИЗНИС

АЛТА БАНКА НА ЛИСТА ЗА НАБЉУДУВАЊЕ – Македонската берза со известување до инвеститорите

Македонската берза денеска ја стави Алта банка АД Битола на листата за набљудување. Одлуката е донесена согласно правилата за котација и претставува посебно известување за состојбата на издавачот.

Берзата се повикува на членот 61-а од правилата, со кој се овозможува привлекување на вниманието на инвеститорите кон значајни околности поврзани со котирана компанија.

Мерката следува во услови на ограничувања во работењето на банката и назначен администратор. Ставањето на листата за набљудување само по себе не претставува одлука за одземање банкарска дозвола или за исклучување од котација.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка организира превоз за клиентите на „АЛТА банка“ од Прилеп, Охрид и Ресен до Битола

ДЕСК

Народната банка ги олеснува условите за располагање со средствата во „АЛТА банка“ АД Битола. Од понеделник се отвораат шалтерите и во Тетово и Струмица

ДЕСК

КАДЕ СЕ ВАШИТЕ ПАРИ ЗА ПЕНЗИЈА И КОЈ ГИ ЧУВА? – МАПАС со важно објаснување за сите осигуреници

ДЕСК