Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ќе се заострат мерките – влегуваме во втората фаза од коронавирус кризата

Министерот за здравство Венко Филипче попладнево соопшти дека ќе бидат заострени мерките од наредната недела, откако утре ќе бидат предложени нови дополнителни засилени мерки.

Тој не прецизираше дали тоа ќе значи зголемување на полицискиот час и дали тоа ќе важи за сите граѓани или само за регионите каде што има регистрирани случаи на коронавирус, со оглед дека многу градчиња низ земјава немаат ниту еден случај на коронавирус, а живеат со мерки како во најголемите кризни жаришта Скопје и Куманово, иако реално земено ги трошат ресурсите на полицијата која можеби е повеќе потребна во вистинските жаришта.

Филипче потврди дека во Македонија досега се регистрирани 555 случаи на коронавирус во Македонија, и дека починале вкупно 18 лица, а се излегувале 23 лица. Само во последниве 24 часа регистрирани се нови 72 случаи на коронавирус и еден смртен случај во струшко Лабуништа, каде што починало лице на 63 годишна возраст.

Најголем број на заразени има во Скопје, потоа следува Куманово.

Филипче зголемувањето на бројот на заразени од коронавирус го поврза со влегување во втора фаза во која влегува Македонија од епидемијата, при што напомена дека во просторот на клиничката болница во Скопје во функција е ставена и полската болница, која е подготвена да им излезе во пресрет на евентуално новозаразени граѓани.

Аналитичкиот центар на Centar.mk подготви детална табела на број на заразени според градови во Македонија, која во секој момент во реално време се надоградува и е достапна на насловната страница на www.centar.mk.

Целата прес конференција проследе ја во продолжение:

.

Спонзорирано: