12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Чулев мора во самоизолација, донацијата од Словенија е за државата не за ВМРО ДПМНЕ

Министерот Наќе Чулев мора да оди во 15 дневна самоизолација затоа што имаше конткат со преставници од Словенија со кои се фотографираше на аеродромот во Скопје. Со оваа постапка министерот ги прекрши препораките на владата. Со оглед дека Словенија е ствена во високо ризични држави од корона вирусот, неопходно е Чулев да биде во самоизолација две седмици. За ова, очекувано е дека треба да реагираат и државните институции.

Од една страна Чулев, како министер, ги прекрши протоколите за заштита, а од друга донацијата ја престави како партиска. Денеска стигна официјален став од Словенија дека помошта е во координација на ЕУ и на НАТО и е дадена на македонската влада, а не на партијата ВМРО ДПМНЕ.
Но, Мицкоски и неговата партија продолжувааат со дегутантните обиди за политичко профитирање во време на вонредна состојба. Ова со опремата од Словенија срамен случај затоа што донацијата од Словенија во заштитни маски и ракавици во вредност од 45 илјади евра се престави во јавноста како наводен успех на ВМРО ДПМНЕ.

Иако секоја помош во вонредна и неизвесна состојба е добредојдена и ја заслужува благодарноста и од државата и граѓаните, недозволиво е таа да се партизира за да се соберат ситни поени на маката со која сите сме соочени. А Мицкоски на сите фанфари разгласи дека контактирал и побарал помош од лидерот на нивната сестринска партија од Словенија, чиј лидер е актуелниот премиер Јанез Јанша.

Но, за ВМРО ДПМНЕ ситнопартискиот интерес е поважен од се, и од здравјето на граѓаните и од напорите на институциите да се справат со последиците од пандемијата. Досега не чувме ниту еден збор на пофалба од страна на Мицкоски за помошта која во многу поголем износ веќе ја донираа домашните компании, ниту пофалба за напорите на мали фирми и поединци кои даваат придонес во борбата против корона вирусот. Но важно Јанша пратил помош за атер на Мицкоски, така некако ни ја претставија помошта од Словенија, иако вистината е сосема поинаква.

Да не е ситуацијата толку сериозна, овие постапки би ги сметале за смешни и незрели. Ноко се има предвид дека досега од Мицкоски видовме само ширење лажни вести и дезинформации поврзани со актуелната состојба за да се шири паник аа меѓу граѓаните, ако гледаме јасни докази дека самиот тој се противел на враќањето на нашите државјани од странство, ако се потсетиме дека бараше мерки за веднаш потоа истите мерки да ги критикува, можеме да заклучиме дека лидерот на опозицијата нема капацитет за државничко и одговорно однесување, туку и во време на криза продолжува да е тоа што беше и досега- ситен профитер и одработувач на неговиот шеф од Будимпешта.