Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

МВР откри нови детали за инцидентот во кој беше претепано девојчето – насилниците завршија зад решетки

Притвор за насилниците од Штип

СВР Штип во координација со Одделот за криминалистичка полиција до ОЈО Штип поднесе кривична пријава против П.Р.(23) и С.А.(26) двајцата од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ казниво по чл.386 ст.3 в.в.ст.1 од Кривичниот законик.

Пријавените, во текот на јануари 2020 година, во куќа во Штип каде била оштетената, извршиле насилство над неа, со физички напад, на кој му претходела вербална расправија, по што насилно ја изнеле од куќата. Потоа ја однеле во влез во станбена зграда во Штип, каде продолжиле со насилството. Пријавените насилството го снимале со мобилен телефон.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +