Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се откажат од финансирањето на партијата од буџетот“

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се откажат од државното финансирање, да престанат со обидите да профитираат од кризата, велат од СДСМ утрово преку соопштение.

„Во период кога државата максимално ги вложува сите кадровски и технички капацитети за да го спречи ширењето на опасниот вирус, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со политичкото и финансиското профитирање.

Крајно несериозно е политичка партија како ВМРО-ДПМНЕ да ја користи секоја прилика за партиско профитерство. Мицкоски во многу наврати периодов демонстрираше неконструктивност, незнаење и креираше лажни вести само да им наштети на државните институции во нивната професионална посветеност кон здравствената криза.

Со таквото однесување Мицкоски уште еднаш покажува дека личните и партиските интереси му се далеку поважно отколку здравјето на граѓаните, отколку економската состојба во државата.

Наместо да се обидуваат да профитираат политички од кризата со коронавирусот, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се откажат од финансирањето на партијата од буџетот, а ослободените пари да се пренаменат во фондот за справување со последиците од коронавирусот“, наведува СДСМ во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Левица: И Извештајот на Европската комисија забележува: ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

ДЕСК

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ДЕСК

Европската комисија нотира добро ниво на подготвеност на Царинската управа во спроведување на реформите за забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ

ДЕСК