Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Анкета на Детектор: Венко Филипче со поддршка од 82 отсто од граѓаните

Висок процент, дури 82 отсто од македонските граѓаните му веруваат на министерот за здравство Венко Филипче во тоа што го презема за заштита од ширење на корона вирусот. Анкетата е спроведена од емисијата Детектор на телевизија Сител. И не само на министерот, граѓаните искажале голема доверба и во лекарите и во медицинскиот персонал кој е на фронталната линија во справувањето со здравствената криза.

Високи 65 отсто од граѓаните им веруваат на лекарите и сметаат дека тие имаат искуство и знаење да се справат со ситуацијата. Исто така, голем број граѓани или 60 отсто се уверени дека владините мерки за заштита се соодветни. Испитаниците се уверени дека мерките на државните институции ќе имаат резултати и ќе придонесат во намалувањето на бројот на заразени граѓани.

Одговорите на овие прашања потврдуваат дека политиките на Владата, особено мерките за заштита се правилни и дека јавноста сфатила дека само со почитување на забраните и препораките може да се делува против ширење на вирусот.

Дека навистина постои позитивно мислење кај граѓаните за владините мерки потврдуваат и високите порценти на прашањата поврзани со секоја забрана одделно. Над 90 отсто од испитаниците се согласни дека угостителските објекти треба да останат затворени, исто како и училиштата и градинките, но и границите. 87 отсто одговориле дека ги поддржуваат казните кои се изрекуваат за непочитување на мерката со самоизолација, а високи 74 проценти го поддржуваат воведениот полициски час.

Ако се следат бројките од анкетата на Детектор тогаш тоа е добар сигнал за Владата и за институциите да продолжат со имплементирање на сите започнати мерки, а според потребата и воведување на нови.

Можеби ќе ве интересира

Андоновски: Европската комисија го потврди одличниот напредок во дигиталната трансформација на државата

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за ширењето паника за Алта банка од страна на СДС и Филипче

ДЕСК

Шасивари од Будва: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот не смее да остане кај сторителите/Shasivari nga Budva: Krimi nuk duhet të jetë fitimprurës, pasuria e paligjshme nuk mund të mbetet në duart e autorëve

ДЕСК