17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Во Србија и Македонија строг полициски час за викенд

Балканот е еден од регионите со најстроги мерки во заштита на граѓаните од коронавирусот.

Така овој викенд за прв пат во Македонија полицискиот час почнува од 16 часот и ќе трае до 5 часот. Право на излез имаат само граѓани кои претходно обезбедиле дозвола или итни медицински случаи кои понатаму ќе мора да и докажуваат на полиција. Право имаат слободно да се движат и полициските службеници.

Казните за непочитување на полицискиот час во Македонија се движат околу 2.000 евра, барем според досега изречените глоби.

Во Србија пак која исто така прогласи вонредна состојба полицискиот час почнува во 15 часот и ќе трае до 5 часот наутро за време на викендот.

Покрај парична казна во Србија се оди и во притвор.

Во соседна Грција има забрана за излез, но граѓаните имаат право да ги прошетаат милениците или да излезат сами со цел да извршат прошекта или тренинг.

Казните во Грција изнесуваа околу 150 евра.