7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Владата ќе го извести Генералниот секретар на Советот на Европа за отстапување на Република Северна Македонија од одредени членови на Европската конвенција за човекови права, согласно чл.15 од конвенцијата, а како последица на пандемијата COVID-19

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и ја усвои Информацијата за потребата од известување до Генералниот секретар на Советот на Европа за отстапување на Република Северна Македонија од одредени членови на Европската конвенција за човекови права, согласно чл.15 од конвенцијата, а како последица на пандемијата COVID-19.

Воведувањето на вонредна состојба во Република Северна Македонија и мерките донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширењето на пандемијата на територијата и за справување со здравствените ризици влијаат на уживањето на правата гарантирани со Конвенцијата и нејзините протоколи. Конвенцијата, сепак, овозможува повеќе права и слободи да бидат ограничени врз основа на законски мерки што во едно демократско општество се неопходни за националната безбедност, јавната безбедност, заштитата на редот и спречувањето на злосторства, заштитата на здравјето или моралот или заштитата на правата и слободите.

Оттука, заштитата на здравјето претставува легитимна основа за ограничување на наведените права со цел да се овозможи да се преземат мерки за справување со сериозните ризици по здравјето на населението или на поодделни делови на населението, под услов да бидат: засновани врз закон, неопходни во демократско општество и посебно насочени кон превенција на болест или грижа за болни лица.

Спонзорирано: