Centar.mk
БИЗНИС

Владата одлучи: Вишокот пари во јавните претпријатија ќе бидат пренасочени за спас на економијата

Владата денеска ја донесе и Уредбата со законска сила за примената на Законот за јавните претпријатија за време на вонредна состојба, со која се утврдува дека вишокот на средствата кои се остварени од работењето на јавните претпријатија основани од Владата, се уплаќаат во буџетот на Република Северна Македонија.

Владата на Република Северна Македонија, согласно оваа уредба, ќе носи одлука за распоредување на средствата на правните лица со потешкотии во работењето кои покажуваат финансиска загуба предизвикана од вонредната состојба, врз основа на претходно утврдена листа.

Можеби ќе ве интересира

Важно известување до граѓаните кои користат патарини низ земјава

ДЕСК

ПРИЗНАНИЕ ЗА ПЛЕНКОВИЌ И МИЦКОСКИ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ АЗЕСКИ – За придонес за регионалната бизнис интеграција

ДЕСК

МФ: Собранието го усвои Законот за задолжување – Се обезбедуваат средства за стабилност на јавните финансии, капитални инвестиции и отплата на доспеани обврски

ДЕСК