Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Европските лидери ја потврдија одлуката за отворање преговори со Скопје и Тирана

Европските лидери синоќа ја потврдија одлуката на министрите за отворање пристапни преговори со Северна Македонија, објави министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Европските лидери состанокот го одржаа онлајн, а главна тема беше коронавирусот.

Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, наведе дека одлуката покажува дека ЕУ останува насочена кон своите приоритети и во тешки околности.

„Задоволни сме поради потврдата на одлуката за отворање пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија со што е остварен еден од приоритетите на хрватското претседателство. Тоа покажува дека ЕУ останува насочена кон своите приоритети и во тешки околности“, напиша Пленковиќ.

Претходно, на 24 март министрите за европски прашања на земјите од ЕУ одобрија почеток на преговорите за Скопје и Тирана.

Можеби ќе ве интересира

СЕРИОЗНИ ЗАКАНИ КОН СТРАНСКА АМБАСАДА ВО МАКЕДОНИЈА – Приведен 37-годишник од Радовиш, судот донесе решение

ДЕСК

ДЕНЕС Е ГОЛЕМ ДЕН ЗА ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ – Се одбележува Митровденска задушница, ден кога со молитва се сеќаваме на најмилите

ДЕСК

УТРИНСКИ МИНУСИ ДО -4 СТЕПЕНИ, А ПРЕКУ ДЕН И ДО 18 – Македонија денес со сонце, облаци и големи температурни разлики

ДЕСК