Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Нова платформа за вежбање од вашиот дом!

Од денес започнуваат првата македонска онлајн платформа за фитнес и рекреација VezbajDoma

Платформата е наменета за сите кои сакаат во периодов да останат физички активни и да го подобрат нивното здравје и психо-физичка состојба преку активност.

Часовите на платформата за почеток се предвидени да се изведуваат 3 пати во неделата во терминот од 18:00 часот преку директен стриминг во живо со искусен инструктор, и истите ќе бидат целосно бесплатни за периодот додека трае вонредната состојба во дражавата.

Целата иницијатива е поддржана од Runners Македонија со цел да се помогне во борбата против корона вирусот и да се поттикнат сите граѓани да останат дома, за да може полесно да ја победиме заканата од пандемијата.

Доколку сакате да се приклучите на денешниот тренинг, тоа може да го направите на следниот линк https://zoom.us/webinar/register/9015851404378/WN_YIG5Q8t4Tw-swiLaKKhGsw

Дел од тренинзите ќе бидат пренесувани и во живо на социјалната мрежа Facebook и Instagram и истите можете да ги следите на https://www.facebook.com/vezbajdoma и https://instagram.com/vezbajdoma

Останете дома, останете активни и дадете го својот придонес во јавното здравје со тоа што ќе се погрижите за вашето здравје и здравјето на вашите најблиски.