13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев: Сите да го поделиме товарот за побрзо да ја надминеме кризата

Сите заедно треба да го понесеме товарот за побрзо да ги санираме последиците и да ја надминеме економската криза. Мерките што ги понудивме до Владата за справување со економските последици, предизвикани од ширењето на коронавирусот се сериозни и неопходни мерки. Граѓаните мора да ја знаат вистината и да знаат што нè чека, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој нагласи дека државата ќе бара кредити, но дека големите кредити ги повлекле големите земји.

„Малку се парите. Дел од кредитите ќе ја санираат состојбата, но дел товарот солидарно треба да го понесеме. Мора да ги поддржиме работниците, економијата и фирмите затоа што доминантно тие го полнат буџетот, доминантно тие го креваат и развиваат БДП и обезбедуваат плати, плаќаат даноци и го генерираат развојот на земјата. Во такви околности мора да има рамномерна распределба на товарот кој треба да се понесе“, рече Заев.

Тој истакна дека граѓаните треба да знаат оти очекувањата на наплатата на приходите се помеѓу 30 и 40 отсто.

„Еве и да обезбедиме 1 милијарда, останатите 30 отсто мора да кратиме и да штедиме на сè што не допира во приватната потрошувачка или во јавната потрошувачка. Веќе се кратат сите непродуктивни трошења и средства кои одат надвор од државата, тоа се околу 7 милијарди денари и е малку, ако се знае дека 30 отсто од буџет од 4 милијарди е 1 милјарда и 300 милиони денари“, истакна лидерот на СДСМ.

Ако таква поделба на товарот се направи, рече Заев, ќе има големи шанси да се скрати периодот на справување со криза, ако не го направиме тоа, посочи, треба да бидеме подготвени на сè.

Спонзорирано: