Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев за влезот во НАТО: Испишавме историја

– Испишавме историја!

Во овие денови кога сите се бориме со заканата од коронавирусот, добри вести стигнaa од Мадрид, речe Зоран Заев лидер на СДСМ.

Шпанскиот сенат пред малку го ратификуваше Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО.

Со ова, сите 30 земји членки го ратификуваа Протоколот, Северна Македонија и официјално станува 30-та земја членка на најголемиот и најважен воено-безбедносен сојуз во светот.

Нашето знаме ќе се вее пред седиштето на НАТО, седнуваме на иста маса со развиенот западен свет, нашиот глас ќе биде рамноправен со гласовите на најмоќните држави.

Членството во НАТО значи безбедност, сигурни граници, но и подобар животен стандард.

Една од двете стратешки цели на генерации наши граѓани е остварена, затоа ќе продолжиме уште попосветено и помотивирано во остварување и на другата стратешка цел – прво преговори, па членство во ЕУ.

Солидарноста и заедништвото се најсилното оружје од справување со било каква опасност.

Здравјето пред сѐ, ќе се издигнеме уште повеќе и ќе успееме уште повеќе, рече Заев.

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК