Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Се огласи Наќе Чулев во пресрет на важната прес конференција на Претседателот Стево Пендаровски

Официјална изјава на Наќе Чулев, Министер за внатрешни работи:

Во насока на преземање превентивни мерки за обезбедување на здравјето и безбедноста на граѓаните, Министерството за внатрешни работи на денешната седница на влада ќе ги предложи следните мерки:

✅ Управните служби да работат со променето работно време, односно во Скопје од 07:30 – 18:00, а во останатите градови од 07.30-16.30. Одлуката ја предлагаме врз основа на анализата на посетеност во изминатите денови.
✅ Со мерките за прекин на Владата да се вклучат и автошколите и Испитните центри
✅ Армијата целосно да го преземе обезбедување на зелената граница и тоа на подрачјето на ПС за граничен надзор Блато и ПС за граничен премин и надзор Џепчиште, со цел полициските службеници од Граничната полиција да се стават во функција на граѓаните од регионот каде е прогласена кризна состојба
✅ Ресурсите на јавните претпријатија, пред се во делот на теренски возила да се стават на располагање на Министерството за внатрешни работи
✅ На сите гранични премини, вклучувајќи го и скопскиот аеродром на сите лица кои влегуваат во нашата држава да им биде врачена наредба и формулар за изјава за самоизолација.

🚓 Дополнително ја информирам јавноста дека во моментов Министерството за внатрешни врши патролно обезбедување на автобуси со кои 32 државјани на Албанија и 20 државјани на Косово од скопскиот аеродром ќе бидат проследени со полициска придружба до граничен премин на излез од државата.

👮 Во текот на денот приведен е гостиварски угостител поради непочитување на владината одлука за затворање на угосителските објекти. Истиот е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Предавникот Мицкоски ја претвора Македонија во мигрантски камп, за пари!

ДЕСК

Голема промена на времето! Од утре дожд, па сонце и високи температури!

ДЕСК

СДСМ вечерва се огласи на фејсбук: Утре следува нова бомба за корупциска шема на власта, работата не е завршена

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.