26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Бесплатни услуги, поволности, помош за граѓаните и институциите – Ова се општествено одговорни компании кои им излегоа во пресрет на граѓаните и државата

Очекувано најголемите компании во Македонија кои директно се поврзани со македонските граѓани излегоа во пресрет на граѓаните за време на коронавирус кризата која налага граѓаните да го ограничат своето движење и да останат во своите домови. Исто така дел од компаниите даваат и своја поддршка кон државните институции во обид за полесно да се справи со кризата со коронавирус, која е непредвидлива.

Ова се услугите, поволностите и помошта кон граѓаните и државата во вакви тешки времиња, кои ги понудија на своите корисници општествено одговорните македонски компании:

  • Македонски Телеком на сите свои мобилни корисници им подели по 10 гигабајти интернет, на корисниците на телевизија повеќе канали, а на приватните интернет корисници повеќе интернет.
  • А1 на своите корисници им обезбеди 10 гигабајти интернет, повеќе канали на телевизиските корисници и бесплатно ја овозможи услугата за видео конференција.
  • Алкалоид А.Д.  покажа што е општествено одговорна компанија: Нема да има прекин во снабдувањето со лекови и средства со антибактериско дејство. Компанијата направи дури и реорганизација во сопственото работење за да излезе во пресрет на зголемената побарувачка.
  • Не ги зголемуваме цените, разумно пазарете: КАМ маркет им оддржа лекција на малопродажните бизниси за тоа што е општествено одговорна компанија
  • Фламинго, казино кое како општествено одговорна компанија ја понуди својата помош на државните институции. Компанијата која  е подготвена да и’ помогне на државата со тоа што е спремна да понуди сместување во нивниот хотел во Гевгелија, да подели храна, нивниот ресторан кој располага со солидни перформанси да го вклучи во подготвување на храна за тие на кои што ќе им биде потребна.

 

Напомена: Оваа листа не е конечна и ќе се надополнува со компании кои реално и помагаат и на државата и на македонските граѓани да ја пребродат кризата