5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Облачно и дождливо време со температури до 17 степени

Времето до крајот на денов ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално и тоа особено во источната половина врнежите ќе бидат поинтензивни, каде ќе има услови и за локална појава на грмежи. На некои места се очекува да наврнат над 20 л/м2 воден талог. На високите планини ќе има врнежи од снег а ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Најизразен ветерот ќе биде долж Повардарието и во источните предели од државава (над 70 км/час).

Доцна попладне и навечер ветерот ќе го промени правецот во северозападен. Максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 8 до 17 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, особено претпладнево. Доцна попладне и навечер ветерот ќе го промени правецот во северозападен, максималната дневна температура на воздухот се очекува да се искачи до околу 14 степени.

Утре и во петок на повеќе места ќе имаме релативно суво време, иако локално се очекува појава на слаб локален дожд.

Спонзорирано: