Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Шкријељ: Со Законот минималната плата ги помогнавме најранливите жени, кои беа изземени претходно

„Една друга мерка која што сметам дека е исклучително битна за најранливите жени во нашето општество, а тоа е Законот за минимална плата. Треба да сме свесни дека од тој закон беа изземени значи токму оние индустрии, каде што 90% од вработените се жени“, истакна заменик-министрката за труд и социјала Санела Шкриељ на вечерашната дебата „Отворено“ на ТВ24.

Таа наброја повеќе мерки кои беа остварени во претходните две и пол години. „Би ги спомнала само новиот Закон за абортус којшто значи слобода и автономија на жената да одлучува за сопственото тело, ратификацијата на Истанбулската конвенција и сите нови сервиси кои што ги отворивме се со цел превенција и заштита од сите видови на насилство врз жените. Би го спомнала новиот Закон којшто работи за превенција и заштита од сите видови на насилство врз жените за разлика од досега препознаеното само семејно насилство, новиот Закон за заштита и превенција од дискриминација, понатаму развојот на услугите на локално ниво во социјалната заштитата што значи директно инвестирање во економијата на грижа“, посоичи заменик-министерката Шкриељ во дебатата.

„Треба да сме свесни дека овие мерки и те како се родово сензитивни мерки кои придонесуваат кон економското јакнење на жените а тоа клуч за економската независнот на жените“, подвлече Шкриељ.
Според заменик – министерката Шриељ, мора да се продолжи во тој правец дека институциите мора да реагираат. На жените кои што сега живеат и творат, на жените од руралните средини и секаде, да им се обезбедат еднакви можности – преку еднаков пристап до услуги и преку она што значи можност за споделување на домашните обврски.

„Ние не можеме да очекуваме жените да бидат активно вклучени во општествениот живот кога дома се преоптоварени со обврските“, рече Шкриељ.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +